Ковачевски одбил дебата со Мицкоски – не сака телевизиско соочување

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека премиерот Димитар Ковачевски одбил ТВ-дуел со него вечерва на Македонската радиотелевизија за нивно прво телевизиско соочување. Наместо тоа, опозицискиот лидер ќе дебатира со новинари од националните телевизии.



„Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори. Дебатата како размена на аргументи, ставови и погледи на нештата е фундаментот на здрава демократија.

Затоа вечер ја користам можноста на Македонската Телевизија во отвореното студио кое ќе започне во 20:15 часот да дебатираме со новинари од повеќе национални телевизии. Следете!“, објави Мицкоски.