„Кога Македонец кој се вратил од Софија со бугарски пасош, тоа пред пријателите го опишал со зборовите „епа, се потурчивме“.



Овој пример го наведува бугарскиот историчар Иван Илчев, кој смета дека е погрешен пристапот на Бугарија во инстистирањето на браќа и братство во Македонија.

Се повика на примери, кога во 90-тите години на минатиот век останале разочарани оние кои верувале во бугарските легенди – дека од другата страна на границата живеат браќа, кои во првиот момент кога ќе се промени општествениот систем – ќе ракоплескаат и ќе се прегрнат со Бугарите.

„Треба да престанеме да се тешиме со илузијата дека тоа е еден братски народ и треба да се однесуваме со Македонија и нејзините граѓани како со суверена, соседна држава, со која имаме некои заеднички интереси, и имаме некои проблеми, и треба да ги решаваме на таа основа. Дајте да се откажеме од тие примордијални вземни односи, кои преовладуваат кај нас – братство. Какво братство? Мојот род половината е од Македонија. Тоа во денешни дни не значи веќе ништо“, вели Илчев, прењнесува Дојче веле

Околу имињата на здружернијата и бугарсклите клубови во Македонија тој , инаку член на член на заедничката Комисија за историски и образовни прашања во интервју за „24 часа“ вели:

„Кога правиш клуб, да го крстиш со име кое неизбежно ќе доведе до конфликт, ми се чини дека не е многу разумно“…

„Целосно беше можно тие клубови да се наречат со понеутрални имиња, кои ќе градат мостови, a да не да ги уриваат. Од друга страна, ги разбирам и тие луѓе кои на последниот попис се осмелија да се пишат Бугари, кои беа доведени до крај на нервите од сите години прогонство, без разлика дали е тоа физичко, социјално, социјална изолација…И од таа гледна точка, разбирам дека сакаат да декларираат нешто, но не сум многу убеден дека тоа е вистинскиот пат“, рече Илчев.

Тој е уверен дека ќе биде неправилно и ако на некој трет клуб му се даде име „Цар Фердинанд“, а причините ги образложи со неуспехот на царот.

„Прво, историски тоа ќе биде целосно неправилно, со оглед дека цар Фердинанд во практика ја изгуби Македонија со неразумната мегаломанско- амбициозна политика. Така што, од таа гледна точка, не. Да речеме, за цар Борис Трети има извесни основи, но за цар Фердинанд – никакви“, смета историчарот.

Запрашан, какво име би требало да добие еден бугарски клуб за тоа да биде „на сеопшта радост“, тој рече дека сеопшта радост нема да има, но нема дополнително да се заоструваат односите ако бил крстен „Мост“, „Братство“ и со некои други неутрални имиња.

Иако го посочи името „Братство“, и самиот Илчев смета дека е погрешен пристапот на Бугарија во инстистирањето на браќа и братство во РСМ. Се повика на примери, кога во 90-тите години на минатиот век останале разочарани оние кои верувале во бугарските легенди – дека од другата страна на границата живеат браќа, кои во првиот момент кога ќе се промени општествениот систем – ќе ракоплескаат и ќе се прегрнат со Бугарите.