Министрите за надворешни работи на Европската унија на денешниот состанок во Луксембург се очекува да се договорат за обука на 15.000 украински војници од следниот месец и дополнителни 500 милиони евра за испорака на оружје за Киев.
Двајца високи претставници на ЕУ изјавија дека воената обука на украинските војници ќе започне во средината на ноември и ќе се одржи на територијата на ЕУ во Полска и во Германија.






