Кличко: Киев пак нападнат со камиказе-дронови

Во раните утрински часови Киев повторно го потресоа експлозии, објави



Градоначалникот на Киоев, Виталиј Кличко, објави дека рано изутринава градот бил одново цел на руски напади. На социјалните мрежи, тој објави дека експлозијата се случила во областа Шевченко која досега била гранатирана повеќе од еднаш.

Алармот за воздушна закана продолжува, а Кличко ги повика граѓаните да останат во засолништата за бомби.

Шефот на Украинските железници, Олександар Камишин, потврди дека имало удари во областа на централната железничка станица во Киев. Во ударите во ова подрачје нема жртви, патниците се безбедни.

Шефот на украинската претседателска администрација Андриј Јермак изјави дека главниот град бил нападнат од беспилотни камиказе-дронови.

„Русите мислат дека тоа ќе им помогне, но таквите акции се како агонија. Ни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и тоа што е можно поскоро. Немаме време за бавни акции. Повеќе оружје за заштита на небото и уништување на непријателот. И така ќе биде“, пишува Ермак.

Според украински извори, Русија гранатирала и други региони на земјата освен главниот град на Украина Киев. Имаше извештаи и за експлозии од регионите Суми, Дњепропетровск и Одеса. Според новинската агенција dpa, руски воени блогери блиски до Кремљ пријавиле гранатирање на енергетската инфраструктура на земјата.