Предц пратениците во Собранието денеска ќе се најде предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа.
Поранешниот градоначалник на Скопје и пратеник за ова место е предложен од Либерално-демократската партија откако досегашниот министер Горан Милевски на 20 септември, од лични причини, си поднесе оставка од функцијата.
Од Либерално-демократската партија оценуваатг дека Пенов имал успешни проекти додека го водел градот Скопје и дека може да го преземе кормилото на Министерството за локална самоуправа.







