Европска анкета: Македонија во ЕУ по Србија

Според анкетата на европскиот магазин „Вокал Јуроп“ со седиште во Брисел, спроведена на „Твитер“, Македонија ќе стане членка на Европска унија по Србија.



Дваесет проценти од вкупно 2.604 учесници во тридневната анкета ја посочија Македонија во одговорот на прашањето „Кој е поблиску до членство во ЕУ?“, при што покрај за неа и за Србија можеше да се гласа и за Албанија и за Косово.

Србија доби уверливи 47 проценти од гласовите, а интересно е дека Косово со 17 отсто е пред Албанија со 16 отсто.

Од земјите-кандидати за членство во ЕУ не беа опфатени Црна Гора и Турција, кои се во процес на преговори за пристапување во Унијата како и Србија. Косово, како и Босна и Херцеговина, имаат статус на потенцијални кандидати.