In Memoriam: Почина неформалниот македонски амбасадор во Берлин

Вчера во шеесеттата година од животот почина македонскиот ликовен уметник Јован Балов, кој живееше и твореше во Берлин.



Балов кој три децении живееше во Германија е човекот што ја отвори берлинската сцена за уметниците од Македонија и Балканот со што стана и неформален културен амбасадор на регионот.

Од 2004 во галеријата „Прима центар“ Prima Center Berlin во Берлин по заслуга на Јован Балов беа реализирани голем број ликовни претставувања на македонски и на странски уметници.

Десетици македонски и балкански уметници благодарение на неговите активности беа гости и изложуваа и настапуваа во Прима Центарот во Берлин и на други познати локации во главниот град на Германија.