„Бутарис пак ја направи истата грешка, рече Македонија“, пишуваат грчки медиуми

За грчките медиуми не помина незабележана изјавата на градоначалникот на Солун кој во еден момент изговори Македонија за земјата во која вчера беше во еднодневна посета.



Градоначалникот на Солун уште еднаш го нарече Скопје „Македонија“ во изјава за соседната земја. Изјавата пред камерите предизвика чувство … пишува еден портал кој на Јанис Бутарис му замерува дека „повторно ја направил истата грешка“.

 

Говорејќи на англиски јазик, Јанис Бутарис им изјави на новинарите дека тој предложил следниот состанок на премиерите на Грција и на Македонија, да се одржи во Солун.

Но, се потсетува дека „г-дин Бутарис, во неговата последна посета на соседната земја, повторно го употреби уставното име на ПЈРМ во интервју за една телевизиска станица“.