Поранешниот министер за правда и актуелен градоначалник на Сарај Блерим Беџети е избран за организациски секретар на местото на вицепремиерот Артан Груби.
Скопското крило на ДУИ предвоидено од Изет Меџити и познато како „незадоволници и бунтовници“ ги доби новите потпретседателски позиции во хиерархијата на ДУИ.
Централниот совет на ДУИ на денешниот вонреден состанок донесе измени во партиското раководство, со кои одредени министри кои досега беа во раководните партиски структури сега се заменети со „стари кадри“ кои се дел од скопската „фракција“ на ДУИ.
За потпретседатели на партијата избрани се поранешниот градоначалник на Чаир и актуелен пратеник Изет Меџити.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми и натаму останува на својата позиција како потпретседател, а како нови се избрани Бајрам Реџепи кој директорува со Македонски енергетски ресурси и пратеничката Арбана Пашоли.
Фатон Ахмети е избран за генерален секретар, а за прв пат е избран и секретар за еднакви можности, позиција која и е доделена на Саранда Имери.






