Случајно или не, одговарајќи на новинарски прашања по денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев во Скопје солунскиот градоначалник Јанис Бутарис ја нарече државава – Македонија!
„Се надевам и ќе се залагам за тоа следниот состанок меѓу премиерите на Грција и на Македонија да се случи во Солун“, рече Бутарис во делот од изјавата што може да се слушне околу 8:30 минути од почетокот на видеото што Владата на Република Македонија го постави на „Јутјуб“.





