Кога Антикорупциска ќе излезе со детали за работењето на „Пуцко петрол“?

Антикорупциска комисија привршува со испитувањето на семејно – бизнис – политчките врски на „Пуцко петрол“. Оттаму велат дека наскоро ќе излзезат со детали за можен судир на интереси и тргување со влијание.



– „Конкретно се што се однесува во премдетот ќе биде соопштено, кај нас, ошто во Македонија, имаме повеќе проблем со влијание отколку судир на интереси. Значи, влијание може да има и каде што нема судир на интереси, а влијание постои. Тоа е факт.“ – Истакна Билјана Ивановска, Претседателка на антикорупциската комисија.

Во меѓувреме „Пуцко петрол“ продолжува речиси секој ден да добива нови тендери од државните институции и јавните претпријатија. Само во последните 10 дена биле склучени 13 договри во вкупна вредност од над 250 илјади евра.
Сепак, оваа сума е мала во споредба со договорите што вообичаено ги случува компанијата. Само во последните три месеци „Пуцко петрол“ добил државни тендери тешки речиси 7.7 милиони евра, а од почетокот на годинава државата му платила над 800 фактури.

Со „Пуцко петрол“ раководи Асмир Јахоски. Неговиот татко, Исмаил Јахоски, е пратеник од редовите на ДУИ а претходно во пет мандати беше градоначланик на Пласница. На таа позиција сега е неговиот брат Алија Јахоски.

Компанијата постои од 1992-та, но семејството Јахоски стана главен дистрибутер на нафта во Македонија со доаѓањето на СДСМ со ДУИ на власт. Оттогаш значително е зголемена соработката со државните институции и јавните претптијатија, а компанијата станува главен добавувач на нафта и се најде на 67 место помеѓу 100-те најголеми комапнии во Македонија.