Една од најпознатите слики на Ван Гог, „Сончогледи“, е исчистена и повторно е изложена, откако климатски активисти фрлија врз неа лименки со сос од домати.
Националната галерија на Лондон потврди дека ремек-делото насликано во 1888 година сега е повторно на своето место, околу шест часа по инцидентот што се случи во петокот.
Двете лица се уапсени.
Галеријата претходно соопшти дека сликата била покриена со стакло и затоа не е оштетена.
Во соопштението на лондонската полиција стои: „Полицајците брзо стигнаа на местото на настанот во Националната галерија утринава, откако двајца демонстранти на Just Stop Oil фрлија супстанца врз слика, а потоа се залепија за ѕид.“






