Одобрениот заем од 530 милиони евра не доволен за да се преброди економската криза. Ново задолжување мора да има на крајот на оваа, или на почетокот на наредната година, оценува Бранимир Јовановиќ, економист во Виенски институт за меѓународни економски студии во интервју за „Слободен печат“.



Не се познати условите, но ММФ обично поставува и строги услови околу економско-социјалните политики и тие услови можат да бидат многу несоодветни за кризни ситуации како оваа.

За антикризниот пакет што го презентираше Владата тој смета дека е недоволен, и од 350 милиони евра, граѓаните директно ќе добијат само 20 милиони евра.

Др. Јовановиќ вели дека ММФ обично поставува и строги услови околу економско-социјалните политики, и тие услови можат да бидат многу несоодветни за кризни ситуации како оваа.

„Македонија како држава имаше аранжмани со ММФ до пред 15-ина години, и тие аранжмани беа ужасни – забрануваа раст на пензии и социјална помош, забрануваа раст на плати, нови вработувања и слично. Невработеноста во државата тогаш достигна 37 отсто, што подоцна го доведе Груевски на власт. Ако и овој заем има такви услови, а се чини дека ќе има, бидејќи премиерот кажа пред некој ден дека ќе се кратат платите во јавниот сектор, тоа би значело дека заемот наместо да ѝпомогне на Македонија да ја преброди кризава, само ќе ја дозакопа уште повеќе“, вели тој.

Повеќе на следниот ЛИНК