Македонската телевизија се откажа од најголемиот музички настан, а како што велат, парите за учество на „Евровизија“ идната години во Ливерпул, Велика Британија, ќе се пренаменат за покривање на трошоците за струја.
Директорот на јавниот сервис, Марјан Цветковски образложи дека патувањето во Велика Британија ќе предизвика големи трошоци, и не била платена котизацијата.
Според него, во една скапа земја како Британија, само за патување, визи и престој би требало да платат околу 200.000 евра.
Од 1991 година до денес на Евровизија Македонија не учествувала неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза. Ова е првпат сами да се откажеме.
Годинешниот Избор на песна на Евровизија ќе се одржи во Ливерпул , Британија.







