Милијардерот Илон Маск изјави дека неговата компанија SpaceX повеќе не може бесплатно да ѝ нуди сателитски услуги на Украина.
„Компанијата повеќе не може да ги нуди овие услуги, освен ако американската војска не инвестира десетици милиони долари месечно“, пренесува CNN.
SpaceX испрати писмо до Пентагон, седиштето на Министерството за одбрана на Соединетите држави, барајќи од него да го преземе финансирањето на украинската влада и воената употреба на Starlink.
Од SpaceX тврдат дека до крајот на годината тоа би чинело повеќе од 120 милиони долари и би можело да чини близу 400 милиони долари во следните 12 месеци, пренесува Јутарњи лист.
„Не сме во позиција да продолжиме да донираме терминали за Украина или да ги финансираме постоечките терминали на неодредено време“, напиша во писмото директорот за владина продажба на SpaceX.






