Околу 60.000 домаќинства во Скопје кои имаат централно греење се наоѓаат во незавидна положба бидејќи на само еден ден пред почетокот на грејната сезона ЕСМ уште нема лиценца за да ги снабдува скопјани со парно.



Гас e обезбедено за само 15 дена греење, ама од Владата уверуваат дека парно од утре ќе има, па граѓаните треба да бидат спокојни, пренесува Радио слободна Европа.

Ако до лани БЕГ го снабдуваше Скопје со парно, годинава му е одземена лиценцата бидејќи претходната сезона не успеаја да испорачаат греење.

Сега оваа дејност ја презема државната ЕСМ, која за таа цел формираше три фирми за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Ама и за да може формално да го снабдува Скопје со греење, ЕСМ прво треба да добие лиценца од Регулаторната комисија за енергетика (РЕК). На последниот ден пред почетокот на грејната сезона, од РКЕ смируваат дека во текот на денот ќе има седница за лиценците на ЕСМ за парно.

Ова е помалиот проблем во моментов. Поголемиот е, од каде ќе се обезбеди гас за да има парно, или поконкретно, по која цена…

ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК