Пет лица, како и еден полицаец кој не бил на должност, беа застрелани вчера во главниот град на Северна Каролина, Рали, што предизвика голема потера која по неколку часови резултираше со апсење на малолетник, соопштија официјални лица.
Ова е само уште еден сличен случај во САД.
Двајца полицајци загинаа, а трет е повреден во пукотница синоќа во Бристол, Конектикат.
Вчера, поротата во Форт Лодердејл, Флорида, нареди напаѓачот Николас Круз да биде осуден на доживотен затвор без помилување за масовното пукање во училиште во Флорида во 2018 година.






