Македонската амбасадорка непожелна на конститутивната седница на новото бугарско собрание?!

Новата македонска амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска не е добредојдена на конститутивната седница на новото бугарско собрание, закажана за 19 октомври, пренесе бугарски „Стандард“.



Во текстот стои дека покрај руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, пратениците прашале дали и македонската амбасадорка треба да влезе во тамошното Народно собрание, откако бугарската национална химна беше исвиркана на фудбалскиот натпревар во Скопје.

-Ова доведе до жестока дискусија за време на прелиминарниот состанок за деталите од почетната седница, распределбата на местата во салата од парламентот. Згора на тоа, Скопје има нов амбасадор и вака пречекот ќе ги наруши односите меѓу двете земји, пишува бугарскиот медиум.