„Градоначалникот денеска ме покани да ја дочекаме заедно Нова година. Јас секако ќе размислам за оваа понуда, па можеби таму да ја дочекаме Новата година, заедно и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас“, изјавил премиерот Зоран Заев, денес по средбата со градоначалникот на Солун Јанис Бутарис.
Бутарис денеска го поканил премиерот Зоран Заев Новата година заедно да ја дочекаат во Солун, пренесува порталот СДК.
Градоначалникот на Солун е во еднодневна посета во Скопје и ќе се сретне со скопскиот колега Петре Шилегов и со МНР Никола Димитров, а ќе биде примен и од шефот на државата Ѓорѓе Иванов.





