Ставот на германската влада е дека меѓусебното признавање на Србија и Косово е неопходно и дека без него нема членство во ЕУ.
Ова го изјави министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, на заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц.
Бербок истакна дека целта на Германија е да го стави Западен Балкан во фокусот на ЕУ.
Бербок, исто така, апелираше до Србите на Косово повторно да ги регистрираат своите возила со косовски регистарски таблички.
„Две членки на ЕУ кои не се признаваат е незамисливо“, изјави министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, додавајќи дека прашањето за табличките е поврзано со интегративниот процес, пренесе „Танјуг“.







