Доколку доказите покажат, рускиот претседател нема да биде поштеден од гонење за воени злосторства, тврди главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Обвинителот на МКС, Карим Кан, кој моментално ги истражува прекршувањата на теренот во Украина, изјави за Euronews дека претседателската функција нема да му помогне на Путин да помине неказнето. .
„ Нема имунитет за меѓународни злосторства, а исто така нема застареност на воени злосторства или злосторства против човештвото“, изјави Кан за Euronews.
„Се наоѓаме во критичен момент, се зборува за употреба на тактичко нуклеарно оружје“
Русија е обвинета за воени злосторства низ Украина. Руските воени сили се обвинети за силување, убиства и мачење на цивилното население.
Наводите за воени злосторства станаа погласни откако Москва во понеделникот изврши ракетни напади во Украина во кои загинаа најмалку 19 лица, а 105 беа ранети.
Кан рече дека таквите напади се неприфатливи доколку се утврди дека се вистинити.






