Работниците од „Колска“ денес на протест пред Влада

Синдикатот заедно со вработените до Фабриката за шински возила од Велес „Колска“ ќе протестираат пред Владата, а ќе ги блокираат и улиците, дознава Телма.



Во текот на вчерашниот ден вработените имаа притисок и беа оневозможени да тргнат во Скопје за да го изразат својот револт, но денеска истите успеаа да пристигнат пред Владата.

Вчера два часа беше блокиран железничкиот сообраќај, откако 70 вработени на „Колска“ се качиле на воз од Велес за да стигнат до Скопје, но машиновозиачот не тргнал затоа што раководството на Железници транспорт не им дозоволи на вработените од „Колска“ да се возат бесплатно. Работниците гневни, се обиделе и насилно да влезат во возот број 630.

Сметката на Колска е 9 месеци блокирана од страна на УЈП поради долг направен од 2013 до 2017 година.