Владата како на натпревар – наместо да игра, само набљудува што се случува, кризата се продлабочува

Енергетската криза со сета сила удри врз Македонија, а се почувствува уште минатата година, но ние, како држава, не презедовме мерки за да ги намалиме последиците од поскапувањето на основните енергенси за производство на електрична енергија, предупредија експертите. Сега веќе сме и во финансиска криза која се продлабочи дополнително, бидејќи немаме доволно домашно производство на електрична енергија, сметаат експертите.



– Владата се однесува како да е на фудбалски натпревар, само го следи натпреварот. Но, треба да биде играч на теренот, а не посматрач – изјави за ВЕЧЕР, универзитетскиот професор Константин Димитров. Од Владата, пак, смируваат дека будно ја следат состојбата и преземаат мерки, кои, според експертската јавност се многу задоцнети и затоа сега трчаме и молиме да купиме струја од Бугарија, Грција, Турција.

Задоцнивме со обезбедувањето енергенси, поради што сега мораме поскапо да ги плаќаме. Енергетската криза почна уште минатата година, експертите постојано предупредуваа дека мора да преземеме мерки навреме за да ги намалиме последиците од поскапувањето на основните енергенси за производство на електрична енергија, но, сепак, не се случи тоа. И додека Европа и државите во регионот навреме се обезбедија со гас и со струја, Владата чекаше нивната цена да се качи за потоа да се молиме на земјите што имаат вишоци да ни ги дадат по цена која е пониска од берзанската. Сега, поради скапите енергенси, Владата почна да се задолжува со кредити, а енергетската криза, како што предвидоа и експертите и опозицијата, премина и во финансиска.

И на Владата одамна ѝ е јасно дека струја ќе има, но дека ќе биде многу скапа. Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика во повеќе наврати потврдија дека струја ќе има, но ќе биде многу скапа.

– Согласно со сите податоци што ги имаме, во моментов нема проблем со снабдувањето со електрична енергија. Кризата е поради големите ценовни шокови на берзите на струја – истакна Бектеши.

Енергетската криза со сета сила удри врз Македонија, а се почувствува уште минатата година, но ние, како држава, не презедовме мерки за да ги намалиме последиците од поскапувањето на основните енергенси за производство на електрична енергија, предупредија експертите.