Западните поддржувачи на Украина разговараа за испорака на повеќе опрема за противвоздушна одбрана како „главен приоритет“ откако Киев побара зголемена одбрана од руски воздушни напади, пренесува „Франс прес“.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников кажа само три збора на прашањето што очекува од средбата со поддржувачите на Киев во седиштето на НАТО во Брисел: „Системи за воздушна одбрана“.
Шефот на НАТО Јенс Столтенберг рече дека ќе разговара за „како да се засили поддршката за Украина“ и дека „главен приоритет ќе биде поголема воздушна одбрана“ по руските ракетни напади претходно оваа недела.
Западните сојузници размислуваат како да испорачаат понапредни системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи дипломатите признаваат дека имаат премалку во резерва.






