Поранешниот федерален министер за финансии Волфганг Шојбле ги критикуваше Германците дека премногу бараат и покрај владините мерки тешки милијарди евра со кои треба да се ублажуваат пчоследиците од енергетската криза.
„Наместо секогаш само да лелекаат, Германците треба едноставно да „носат џемпер“ за да не се смрзнуваат во зима, рече тој.
Со ова Шојбле одговори на постојаните повици за помош од владата во енергетската криза.
Германците не треба да се потпираат само на помошта на политичарите, вели Шојбле, зашто според него „државата не е супермаркет“.
Германија се соочува со тешка зима во енергетската криза. За да не мора трошоците да се префрлаат на крајните клиенти, федералната влада се спротивставува на ова со програми и пакети за помош вредни милијарди евра.
Но, Шојбле вели дека само домаќинствата со ниски приходи треба да добијат помош од пакетот.
Мора да им кажете на граѓаните:„Со оглед на ситуацијата, не можете да одите на одмор“, вели политичарот.
На прашањето дали Германците се разгалени, тој за Билд изјави: „Се разбира, сите сме. Јас исто така“. Но, важно е сите сега да разберат дека работите не можат да продолжат вака засекогаш. Германците ќе мора повторно да работат повеќе, пренесува Index.hr







