Почина Татјана Петрушевска, професорка на Правниот факултет

Почина професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Татјана Петрушевска, соопштија од факултетот.



Петрушевска беше редовен професор по меѓународно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија.

„Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка и особено ценета пријателка, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог и посветен наставник“, соопштија од Правниот факултет.

Петрушевскја иамала објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.