Српски помошник министер до експертка од Вашингтон: Не се*и, ѓубре и човечки отпад

Експертката на американската организација Фондација за одбрана на демократијата и специјална известувачка на украинскиот весник Киев Пост, Ивана Страднер, доби навреди на лична основа од помошник министер во телото на српската влада кое работи на интеграција на Србија во ЕУ.



,,Што друго можете да очекувате кога утринава помошникот министер во српската влада ми рече дека сум „обично ѓубре и човечки отпад“. Тоа е елегантен јазик што го користат на Твитер.

Српскиот помошник министер Урош Прибичевиќ на Страднер и порача ,,Да не се*е” и ја нарече ѓубре и отпад откако таа објави дека САД и НАТО треба да ја искористат руската позиција за референдумите во Украина кои се базираат на референдумот за независност на Косово.

Страднер која е Србинка која живее во САД предходно побара западот да ги искористи своите информативни операции на Балканот и да го употреби навионалнизмот во регионот за да докаже дека ,,Словенското братство” е само мит.