Министерството за енергетика на Украина соопшти дека ќе го запре извозот на електрична енергија по руските ракетни напади на дел од градовите.
„Денешните ракетни напади погодија термоцентрали и друга инфраструктура за снабдување со електрична енергија, па поради тоа Украина од утре ќе прекине со извоз на ел. енергија“, соопштија од министерството.
Во нападите загинаа најмалку 11 лица, а над 64 се повредени.





