Четиричлено семејство од Македонија фатено во обид за нелегален влез во Германија

Германската гранична полиција во Фусен вчеравечер фатила четиричлено семејство од Македонија во обид илегално да влезе во земјата.



Околу 20:45 часот службените лица го провериле автомобилот кој тукушто влегол од Австрија во Германија. Таткото и неговиот син покажале валидни дозволи за престој од Германија, односно од Италија, но 49-годишната мајка и нејзината шестгодишна ќерка немале важечки документи.

Бидејќи синот го управувал возилото, истражителите ги пријавиле него и неговиот татко како шверцери на луѓе. Мајката и ќеркичката, пак, треба да одговараат за нелегален влез.

Обработката е предадена на Федералната полиција во Кемптен.