Антикорупциска: Нема основа за покренување постапка за „Броило“

Државната комисија за спречување на корупција во одбрана на премиерот Димитар Ковачевски во аферата која ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ, наречена „Броило’.



Од партијата побараа Антикорупциската комисија да отвори случај против премиерот, а претседателката Билјана Ивановска вели дека нема основа за отворање случај.

„Кога стапи на функција заменик министер за финансии, премиерот Димитар Ковачевски во својот анкетен лист уредно пријави сѐ што поседува. Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека тој не учествува во управувањето, а ги продал и сопственичките удели во фирмата. Оттука нема основ за покренување постапка за утврдување судир на интереси, вели таа за МКД.мк.

Додава дека согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси функционерот кога стапува на функција управувањето на фирмата треба да му го довери на друго лице кое не е член на неговото семејство.

„Во случајов тој не е ниту сопственик ниту управител“, вели во изјава за МКД.мк претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска по прозивките на ВМРО-ДПМНЕ, Антикорупциска комисија да отвори предмет за премиерот Димитар Ковачевски со кој ќе истражи дали премиерот е вмешан во криминал вреден 26 милиони евра во врска со бизнис за производство на струја.“, рече Ивановска

ВМРО-ДПМНЕ вели дека фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов злоупотребувале државни тендери вредни 26 милиони евра. Според опозициската партија случајот „Броило” е шема која покажува како преку „Пиксел груп”, фирма основана од премиерот и неговиот кум, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов се вртеле милионски суми. Ваквите обвинувања веднаш беа демантирани и од премиерот Ковачевски и од „Пиксел груп”.