Налепници во боите на бугарското знаме, со „интересна“ содржина осамнаа во паркот „кај авиончето“ во скопската населба Ново Лисиче. На повеќе бандери во популарниот парк се излепени пропагандани флаери, на кои од едната страна се гледа фотографијата на Јосип Броз Тито, а од другата шприц и шишенца за вакцини на кои се аплицирани фотографии на имиња од бугарската историја. Меѓу нив и ликови по кои своите називи ги добиваат бугарските културни здруженија во Македонија.

Прилично евтината „герила“ пропаганда е надополнета со „Бугарија“ испишана во оригиналната бугарска форма, на дел од бандерите во паркот.

Кој е сторителот на овие провокации не е јасно, но идејниот нарачател лесно може да се препознае.





