„Во насока на актуелните отворања на нови здруженија, како држава мора да покажеме заби и дигнитет“, вели универзитетскиот професор , Борче Давитковски за отворањето бугарски клубови со контроверзни имиња како Ванчо Михајлов и Цар Борис…
Мора да се почитуваат нашите закони. Уписот во регистарот на здруженија кои имаат имиња и програми кои ги иритираат граѓаните, мора да се поништи. Оние кои ги одобруваат овие работи пред се мора да ги проверат името и програмата. Ако не се реагира од државата, има како печурки секаде да изникнат. Морам да напоменам дека сами се ставаме во непријатни ситуации. Доколку некој смета дека е ускратен да отовори организација со провокативни натписи, слободно нека се обрати Стразбург. Ние воеруваме за македонската држава која треба да си ги штити интересите на нашите граѓани.“ – вели Борче Давитковски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.
„По право на надзор, може да се бара поништување на регистрација, а тие имаат право на жалба кое може да дојде до Управен суд и таму да се повикаат вештаци кои треба да дадат свое мислење за тоа кој бил Цар Борис Трети. Но, уште тие на шалтерот на Централен регистар во Охрид, референтот требало да ги пролиста програмата, статутот и името и да не изврши упис“, рече професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“.







