Со нападот на мостот на Крим, на рускиот претседател Владимир Путин му пикнаа „прст во око“, во буквална смисла, јавуваат западните медиуми.



Иако официјален Кремљ има намера да им покаже на сите дека штетата што ја претрпе мостот, кој ја поврзува Русија со анектираниот полуостров, не е голема, сепак имиџот на Путин е нарушен, оценува Си-Ен-Ен.

Ова е негов мост, негов проект, изграден со речиси 4 милијарди долари, тоа е симболичен „венчален прстен“ кој ги обединува мајката Русија и Украина.

Или барем регионот кој се уште легално и припаѓа на Украина, пишува американската медиумска компанија, додавајќи дека клучот за мостот не само за воените напори на Путин, туку и за неговата опсесија да ја врати Украина под руска контрола.

Обраќањето на Путин на 21 февруари до рускиот народ, дадено непосредно пред да нареди инвазија на Украина, го разоткри неговиот поглед на историјата. Тој инсистира на тоа дека Украина не е независна земја:

„Украина не е само соседна земја за нас“, тврдеше тогаш Путин. „Тоа е неотуѓив дел од сопствената историја, култура и духовен простор.

Тој говор, според Си-Ен-Ен, јасно покажува дека оваа братоубиствена војна против Украина е многу лична за него. Со години е фокусиран на Петар Велики, рускиот император кој го основал Санкт Петербург, градот во кој е роден и израснат Путин.

Путин сега очигледно верува дека враќањето на Украина во Русија е негова историска судбина. Нападот на мостот на Крим веројатно не го гледа само како напад на руската татковина туку и како лична навреда. И најверојатно бурно ќе реагираат.

Веќе еден ден по нападот, руските сили бомбардираат цивилни станбени згради во Украина, а најтешкото крило на политиката на Путин повикува на нови напади врз украинската инфраструктура.