Почната постапка за ново бугарско здружение „Цар Фердинанд“

Почната е постапката за регистрација и на третото бугарско здружение со назив „Цар Фердинанд“ со седиште во Богданци. Сител од свои извори дознава дека во Централниот Регистар веќе се разгледуваат поднесените документи од барателот. И во овој случај подносителот обезбедил согласност од поранешниот бугарски премиер Симеон Саксобурготски како член на семејството и потомок на Царот Фердинанд. Од Централниот регистар засега нема одговор кој е подносител на барањето за регистрација на вакво здружение.



Премиерот пак не слушнал дека во постапка е регистрација третото бугарско здружение. Но веќе го осудија отворањето на здруженијата во Битола и Охрид и го оценија како провокација.

Осуда и оградување на владата од формирањето на бугарските клубови не се доволни, смета експертската јавност. Политикологот Благојче Атанасовски вели дека најголемиот проблем е што во постојното законско решение не е точно утврдено како ќе се регулираат здруженијата и фондациите кои носат назин на контроверзни историски личности.

Од СДСМ бараат одговори каква е поврзаноста на Христијан Мицкоски со првиот човек на бугарското здружение од Охрид.

Од опозицијата пак обвинуваат дека власта е виновна и за политиката на асимилација и негација на Македонија