„Железничкиот сообраќај на Кримскиот мост на товарни и патнички возови на долги релации се одвива во согласност со стандардниот распоред“, соопшти Министерство за транспорт.



Железничкиот сообраќај на мостот беше обновен уште во текот на вечерта. Најпрво преку мостот поминаа тест товарни возови, а потоа патничкиот воз Симферопол-Москва.

Мостот беше оштетен по експлозијата која се случи утрото во саботата во која загинаа три лица. Според руските власти станува збор за камион кој експлодира околу 6 часот од кој се запалија и цистерни со гориво во возот што во тој момент поминувал таму.

По вчерашната експлозија на мостот, рускиот претседател Владимир Путиннареди построго обезбедување на Кримскиот мост, како и инфраструктурата за електрична енергија и гас до полуостровот.