Премиерката на Шкотска Никола Старџен е уверена дека вториот референдум за независност на Шкотска може да се одржи во октомври следната година, пртенесе Ројтерс
Врховниот британски суд во вторник започнува со сослушување на аргументите за дозволување на гласањето за отцепување без одобрение од британската премиерка Лиз Трус и нејзината влада.
На плебисцитот во 2014 година, кој британската влада го одобри, Шкотите ја отфрлија независноста со 55%-45%.
Сепак, Шкотската национална партија тврди дека нештатат се променети по напуштањето на Велика Британија на Европската унија.
Старџен тврди дека со оглед на тоа што гласачите ги поддржаа партиите за независност на изборите за шкотскиот парламент минатата година, тие сега имаат мандат да поднесат предлог-закон за одржување референдум на 19 октомври 2023 година.
Запрашана за време на интервју за ТВ Би-Би-Си дали е уверена дека тоа ќе се случи, Старџен рече:
„Да, уверена сум дека тоа може да се случи“.
„Да почекаме да видиме што ќе каже судот. Убеден сум дека Шкотска ќе стане независна“.







