Објавените фотографии и видео на кое хрватската старлета Нивес Целзиус се гледа како бакнува двајца гардисти која ја чуваат резиденцијата на шефот на државата , предизвикаа реакции на социјалните мрежи.



Од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски за Прес24 појаснија дека хрватската старлета Нивес Жељковиќ, позната како Целзиус на прием била на покана на Спортското радио. Оттаму велат дека таа не прекршила никаков закон и нема простор за реакција на Кабинетот.

-По повод одржувањето на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ, во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот.

Нивес Жељковиќ беше на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот.

Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција“, велат од Кабинетот на Пендаровски за Прес24