Амазон ги доби правата да ја снима ТВ серија „Господарот на прстените“, врз основа на фантастична приказна на Толкин. Трилогијата која беше снимена во почетокот на 2000 година во Нов Зеланд, во режија на Питер Џексон, заработи околу три милијарди долари и освои 17 големи награди.



Од Амазон не објавија колку платиле за своите права, но се шпекулира дека станува збор за околу 200 милиони долари.

„Ние сме среќни што фановите на „Господарот на прстените“ ќе може да ги однесеме во нова епска авантура“, изјави Шарон Тал од студијата на Амазон.

Серијата уште еднаш ќе ги раскажува настаните што имавме можност да ги видиме во трилогијата на Питер Џексон, но и оние приказни кои му претходат на делот „Дружината на прстенот“ и романот на кој е заснован првиот дел од адаптација на Џексон.

Амазон очекува глобален хит, како што е популарна серија „Игра на тронови“ на HBO, изјави извршниот директор на компанијата Џеф Безос.