Предупредување од Стопанската комора на Македонија која порачува дека ако државата не и помогне на економијата ќе бидат урнати темелите на националната економија.
,,Не постои бизнис и примена на мерки на штедење кои можат да го компензираат ценовниот шок, во индустрии каде трошоците за електрична енергија изнесуваат 90% од вкупните трошоци на производство. Таков е случајот и со ТГС„Технички гасови“, кој влегува во групата на 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија во земјата.
Членовите на Кризниот штаб на состанокот со генералниот директор на овој капацитет, чија основна дејност е производство и трговија со технички и медицински гасови, Александар Чадиковски потенцираа дека Комората бара од Владата да донесе мерки кои ќе го ублажат силниот ценовен удар што го предизвика енергетската криза, зашто без државна помош ќе се наруши нивната конкурентност и ќе се удри врз темелите на македонската економија”, објави Стопанската комора на Македонија користејќи ги хаштазите:
#кризенштаб #сксм






