Европската комисија ја потврди препораката за укинување на визниот режим за Косово штро ќе биде основа за донесување на одлуката за визна либерализација за Косово на ниво на држави членки на Европската Унија.



Но, ѓрофесорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу, смета дека во првата година по усвојувањето на визната либерализација, Косово може да го напуштат до 500 000 граѓани.

„Повеќето млади жители сакаат да заминат на Запад бидејќи не гледаат перспектива на Косово“, изјави тој за агенцијата Бета.

„Речиси од секое семејство барем еден член живее и работи во земјите од Западна Европа. Доколку, како што е најавено, до крајот на годината Европската унија воведе визна либерализација за граѓаните на Косово, 100.000 граѓани ќе го напуштат Косово во првата само три до четири месеци, а во наредната година денови во неколку бранови уште 300.000–400.000 жители”, оцени професорот Спахиу.

Само според податоците на Лекарската комора во изминатите четири години од Косово во странство заминале 580 лекари, објавија медиуми..