Сопругата на Стојанче Ангелов станала разузнавач

Сопругата на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов која во минатото работела како инспектор за малолетнички криминал станала разузнавач во Агенцијата за разузнавање која води Еролд Муслиу поставен од претседателот Пендаровски.



Јасминка Ангелова од Министерството за внатрешни работи, каде што била предходно вработена, неодамна била преместена со преземање во Агенцијата за разузнавање, дознава „Фокус“.

Според информации на весникот од Министерството за внатрешни работи, Ангелова во МВР била на функцијата државен советник во кабинет на држaвниот секретар.

Од МВР не одговориле на прашањето со какви квалификации Ангелов е префрлена во Агенцијата за разузнавање од каде за одговор Фокус бил упатен во АР.

Директорот на Агенцијата, Еролд Муслиу не сакал ниту да потврди, ниту да демантира.

Повеќе детали на овој ЛИНК