Османи: Клубот „Цар Борис III“ е на штета на македонските Бугари

„Го сметам името за провокација и мислам дека е на штета на бугарската заедница во Македонија. Дали тоа некој го прави свесно, не можам да кажам“, изјави првиот човек на МНР, Бујар Османи.



„Како човек на функции и со искуство, сметам дека е на штета на Бугарите во услови кога тие, според Протоколот и договорите со Бугарија имаат можност да ги развиваат своите активности како заедница.

Кој им го штити угледот и овде и пред меѓународната заедница не можам да кажам, но факт е дека не е во итнерес на Бугарите од Македонија.

Тоа им пречи за афирмација на малцинските вредности на Бугарите во земјава. Но самите тие, како и Бугарија е најдобро да кажат дали и колку штети трпат“, рече Османи на денешниот брифинг со новинаритеа отворањето на клуб во Охрид кој го носи името на цар Бори III.