Премиерот Димитар Ковачевски не смета дека Македонија е во политичка и воена криза и затоа не треба да има широка коалиција.
Тој вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори на прашањето дали е можна широка коалиција во која ќе биде и ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас не сметам дека ние во моментов се наоѓаме во политичка криза или во некаква воена криза во државата за која ќе треба да се прави широка коалиција која ќе треба да решава такви прашања. Сметам дека Владата има апсолутно капацитет да се справува со сите овие прашања“, порача Ковачевски.
Според Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ секогаш може да учествува во работата на телата во Собранието.





