Со прифаќање на бугарските услови процесот на интегрирање на Македонија Власта го направи процес на асимилација и дека тоа за него како Македонец е неприфатливо, истакна синоќа во интервјуто за Алстат М, лидерот на ВМРО- Христијан Мицкоски.
„Ќе сториме се што е во наша моќ, ова договарање со Бугарија и обид да се асимилира македонскиот народ да го вратиме како процес назад, не мислиме дека таков процес е добар за македонската иднина, туку дека е грешка“, истакна Мицкоски.
„Вклучително и денес гледаме со отворање на клубот кој го носи името на човекот кој ги предводел фашистичките окупатори на Македонија за време на Втората светска војна и кој што е најодговорен за егзодусот на многу македонски граѓани кои завршиле во концентрациониот логор во Треблинка.
Јас не гледам добрососедско во тој договор, ништо пријателско во тој договор“, потенцираше Мицкоски.
„Јас тоа не можам да го прифатам. Настрана од политиката, зборувам како педагог, како професор, како Македонец“, изјави Мицкоски.







