Британската оскаровка Хелен Мирен во неодамнешниот говор пред студентите на Факултетот за филм и телевизија на Лојола Универзитетот во Лос Анџелес, рече дека таа би сакала да го глуми, да го игра претседателот на САД, Доналд Трамп.



„Мислам дека ќе бидам многу комична како Доналд. Еве ние веќе имаме речиси иста фризури. Каков фасцинантен карактер и неверојатен лик. Тоа е всушност вистински карактер, во реалниот живот е многу повеќе интересен отколку што можете да сонувате. Јас би рекла дека тука постојат некои Шекспирови линии. Всушност, особениот карактер на Трамп можеби и ќе го насочи да заврши со пад како кај Шексипер … не знам, но во секој случај станува збор за посебен карактер“ изјави актерката.

Хелен додаде дека не изгледа премногу тешко да се навлезе во неговата психа.

„Јас не знам многу за него, но кога би го глумела ќе ги испитам неговото добро образование, семејството, мајката, таткото … и најмногу каков бил Трамп како дете, затоа што детето е се уште присутно во него“ изјави Милер.

Трамп со децении, дури и пред да стане претседател на САД имитираше познати изведувачи и актери. Меѓу нив беа Алек Болдвин, Џони Деп, Дарел Хамонд, дури и уште една добитничка на Оскар, Мерил Стрип.