Во Европскиот парламент постои политичка волја Бугарија да влезе во Шенген, не тоа не се случува поради тешкиот проблем со корупцијата во државата, изјави за БНТ поранешниот заменик министер за надворешни работи, Милен Керемедчиев, пренесоа медиуми.



Тој посочи дека Бугарија е технички интегрирана и подготвена за влез во Шенген зоната и го интегрирала шенгенскиот визен систем.

ЕП расправа за пристапување на Бугарија и Романија кон Шенген

Според Керемедчиев, има висок степен на корупција во безбедносните агенции, кои мора да ги штитат границите не само на Бугарија, туку и на Европската унија и Шенген.

Тој прецизираше дека дипломатијата ќе игра одлучувачки фактор за прифаќање на Бугарија во Шенген.

„Не сме активни, не одиме средба по средба, земја по земја да објаснуваме – дојдете, проверете не, подготвени сме“, додаде Керемедчиев.

За можноста за влез во еврозоната Керемидџиев вели дека Бугарија не се подготвува активно за ова поради немањето редовна влада.