Министерот за надворешни работи во службената влада во Софија, Николај Милков, ја коментира изјавата на македонскиот претседател Ставо Пендаровски дека дека не би ја посетил Бугарија и не би си го губел времето ако треба да се разговара за историски прашања.
Пендаровски: Немам намера да си го губам времето и сои Радев да расправам за историјата
„Преку медиумите стигна теза дека РСМ нема да преговара со Бугарија, туку ќе преговара со ЕУ. За жал, можеби овој дефект го имаме и кај нас во последно времe, но Бугарија е ЕУ.
Кога преговараат со ЕУ, преговараат со Бугарија. Нашите барања се вклучени во преговарачката рамката и Бугарија во секоја фаза има можност да има свое мислење за тоа како се спроведува оваа преговарачка рамка“, вели Милков.
Тој дополни дека „ние исто не преговараме за историја, туку работите се оставени во рацете на комисиите“. Тие треба да утврдат кои се историските факти и историските вистини, изјави службениот шеф на бугарската дипломатија.
„Многу би ми било жал доколку претседателот Пендаровски искажал такви мислења, бидејќи ова доаѓа еден ден откако тој беше тука и претседателот Радев направи се што е можно преку ЕК – ако е можно ЕК да помогне бидејќи има рестриктивни прописи, но да помогнеме со некое финансирање, да може да го задоволиме барањето на РСМ за евтина струја што ја бараат од нас. Претседателот Радев цел ден иамше шатл-средби, одржа 6 состаноци во еден ден, ден и половина во врска со решавањето на ова прашање и за нив“, рече Николај Милков.
За бугарскиот клуб „Цар Борис III“ кој треба да се отвори во Охрид, тој го рече следново: Добро е да се одмеруваат реакциите, добро е да се биде ладнокрвен, да се размислува пред да се зборува и да се решаваат работите прагматично во тоа што го обезбедува нашиот договор за добрососедство.
Според Милков, ако името цар Борис Трети е проблем, тогаш гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем проблем.







