Пред околу еден месец д-р Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега, како осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство.
Претходно на докторот му бил одземен и пасошот, по барање на обвинителството, а поради опасност од бегство.
Пред два месеци од обвинителството беше донесена наредба за истрага против Митрев, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, според Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД-19 со методот на хемофилтрација.
Од Обвинителството појаснуваат дека се очекува истрагата да заврши за околу три месеци, а досега исказ дале околу 80% од пријавените оштетени.






