Бруто национален долг на САД надмина 31 биклиони долари, се наведува во извештајот на Министерството за финансии во Вашингтон, пренесе Њујорк Тајмс.



Долгот се приближува до законската граница од околу 31,4 билиони долари. Американскиот Конгрес изгласа дека тоа е максималниот износ што може да си го дозволи националната економија, во услови на висока инфлација, зголемени каматни стапки и силна национална валута.

Додека американскиот претседател Џо Бајден ги промовира напорите на неговата администрација за намалување на буџетскиот дефицит и спречување на високата инфлација, економистите предупредуваат дека нивото на бруто националниот долг е алармантно високо.

Одборот на Федералните резерви на САД неколкупати ги зголеми клучните каматни стапки оваа година во обид да ја ограничи инфлацијата во земјата.