Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната средба со премиерот Ковачевски дал план за намалување и заштедување од околу 300 милиони евра за надминување на кризата со струјата, но сега се е во рацете на власта.
Ова, во гостување на Радио Лидер го изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ, конкретно претседателот Мицкоски, иако знаеме дека решението е предвремени парламентарни избори и кој гледаме дека после сето ова мора да се случат, даде план до власта за намалување и заштедување околу 300 милиони евра и ги даде своите позиции кон претставниците на владата кој што ги задолжил Ковачевски да се исконтактираат и да се успее на некој начин да се донесат потребните ресурси, енергенси за да може да се преживее зимата. Сега се останува во рацете на власта, нашите позиции за помош се предадени во нивните раце, додаде портпаролот.
Арсовски вели дека во овој момент „штом ние нудиме решение за ова сериозна криза, значи навистина работите се излезени од контрола и дека не е 5 до 12 за решенија, туку 12 и 5“.
За вчерашната средба помеѓу Мицкоски и Ковачевски каде посочи дека негов впечаток е дека власта не ни знае со што ќе се соочи таа самата, државата и граѓаните во зимскиот период и дека конечно е дојдено време конечно да ги прифатат решенијата кои што ги немаат односно кои што им се понудени.






